Уште на игранката, кога на својот врат го почувствува нејзиниот здив, изостана оној топлотен бран, кој обично надоаѓа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На мојот врат го чувствував стисокот на секој прст од неговата рака).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Страшниот Непознат од мојот сон значи ти бил Мирко Бунде!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)