вработен (имн.) - ќе (чест.)

Додека претходно претставниците на вработените добиваа лични известувања (покани), а заедно со поканата им беше доставувано и резиме на основната содржина на планот за реорганизација, со можност да им биде доставен и примерок од планот за реорганизација, доколку по- бараат (чл. 246, ЗС/97), сега претставниците на вработените ќе бидат известени за одржувањето на собранието преку негово јавно објавување во еден од три дневни весници со најголем тираж кои што се дистрибуираат на територијата на Република Македонија и преку истакнување на огласна табла во судот и кај должникот (чл. 228, ЗС/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еднаш, една дијабола којзнае како залута во канцеларијата на секретаријатот и за малку на еден вработен ќе му го истераше окото.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И сѐ беше добро до јуни 2005, кога почнуваат првите проблеми за вработените во друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)