вработен (имн.) - на (предл.)

Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Условите за добивање на оваа субвенција е кај работодавачите да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време три месеци пред денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање, на вработеното лице да му се исплатува најмалку минимална плата утврдена со закон за полно работно време, обврска да се задржи на работа ова лице уште две години по завршувањето на периодот на субвенционирањето, кој пак исто така изнесува две години од денот на стапувањето на работа на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Плус, може лесно да полудат ако целава ситуација не е проследена со широки осмеси од вработените на чело со менаџерот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ова правило најдобро дојде до израз при познатата акција на МВР, која имаше неславен судски финиш – „Змиско око“, а во која беа уапсени десетици вработени на македонските патарини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измената и дополнувањето од јули 1998 година содржи три одредби преку кои се проширува опсегот на невработените лица кои можат да бидат вработени на неопределено време за работодавецот да може да ги користи поволностите од ЗЗВ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)