вработен (имн.) - работник (имн.)

Сите права, обврски и одговорности на вработените работници новиот работодавач е должен да ги обезбеди најмалку за една година, односно до истекот на договорот за вработување, односно колективниот договор којшто го обврзувал претходниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпрво, дојде до намалување на казните за работодавачот ако не ги води или неуредно ги води евиденциите за вработените работници, за потребата од работници, за платите, за повредите при работа, за штрајковите организирани кај работодавачот и евиденцијата за корисниците на права од инвалидско осигурување, од претходно утврдените 2.000 до 4.000 ЕУР на 3.000 до 3.300 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со овој закон се уредува воспоставувањето на евиденции во областа на трудот (како евиденција на вработените работници, на невработените лица, на работодавците итн.) и се регулира начинот на водење на овие евиденции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)