Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според Законот за трговските друштва од 1996 година, вработените имаат право на учество во управувањето во три видови претпријатија: • акционерски друштва со едностепен систем на управување т.е. само со Одбор на директори (чл. 303, 305 и 306); • акционерски друштва со двостепен систем на управување т.е. со Управен одбор и Надзорен одбор (чл. 334, 335 и 336); • друштва во државна сопственост (чл. 666).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вработените имаа неврзана обврска да го оправдаат раководството, според која, да не било истото, Факултетот ќе паднел.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Нарушувањето на здравјето при работа не смее да влијае врз платата на вработените ниту да ја повреди нивната економска и општествена положба (чл. 16, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)