Не знам зошто но првиот мој впечаток беше дека на тронот не му е местото до ниската стаклена маса.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А притоа знаев, или бев со впечаток дека неговите прсти на рацете немаат нокти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Грофот седеше зад бирото и првиот мој впечаток беше дека е зафатен со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Првиот впечаток беше неговата големина и распоредот на куќите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Она што ми направи зачудувачки впечаток беше препознатливоста на тие никогаш порано нечуени чекори.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)