војување (имн.) - на (предл.)

Сега гласовите се мешаат зад катинарот се крие напишана целата историја на Кукулино, од првата куќа па до градењето на многуте воденици долж Давидица: не, таму се наоѓа големата икона на заборавениот прадедо на Јаков Иконописец (роден на крајот на осумнаесетито век -тој, Јаков) на која е прикажано на златна плоча војувањето на три леунки во житно поле со шашливи и дебели беговски слуги и со нивни острозабести загари: не, во одајчето е черупката со круна на оној крал што изградил еден од многуте манастири на скопската Црна Гора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)