војска (имн.) - бев (гл.)

- За народот војска беше... негова војска и затоа му се пулеше дека беа многу и затоа што беа негова војска, чудно му беше на народот како ја држи земја...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Турските војски беа ги достигнале крушевските низини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бог да ги прости велеше за сите загинати без оглед во која војска беа мобилисани.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога се повлекоа војските од селото, Танаил започна сѐ позачестено да пука со мините во каменоломот за да го надомести сето она што го изгуби во времето додека војските беа во селото и кои му забранија да пука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зашто тогаш, некое време, овде војската беше тајланска, ама власта – албанска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Па, Диовец, како си ми? Во војска беше готвач, нели? - Помошник готвач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па нели војска бевме? Во војска не се прашува, туку се молчи и, молчејќи се извршуваат наредби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Двајцата загинати (непогребани останаа во Планината) од Македонската војска беа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)