„Бранденбуршката Капија“ е од источната, а „Рајхстагот“, Хитлеровата вертел, зградата каде што легендниот советски војник во 1945 година го има знамето на победата над Хитлера и фашизмот, стои немо, темно и злокобно од другата, од западната страна на ѕидот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега веќе во вагоните не влегуваат војници во германска облека, туку во партизанска.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Педесетината момчиња, колку што дојдоа со овие војводи, почнаа да фаќаат поудобни метеризи, но Турците ги опсипуваа со град куршуми, та уште несместени паднаа пет шест од нив, меѓу кои и Коста Младенов од Дуње, којшто прво реши да оди во Бугарија со Борисовци, но на Ливада се попишмани и тргна со Пешков, како вешт на местото да ги доведе, а десетина беа тешко ранети и онеспособени за борба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Напротив, на самата преслоп Лигураса засвире буријата и од сите долишта се назагнаа војници во правецот на сражението, зацврстувајќи го обрачот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гласот од Бојковата пушка го слушнаа војниците во гробиштата на кои удри главната востаничка сила со војводите и почнаа да стрелаат, заклонети зад гробовите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Почнаа и војводите да пукаат, им се придружија четниците и останатите востаници, но укрепениот аскер не ги остави своите метеризи — гробиштата и не попушти, а веќе и зората забеле, та војводите наредија повлекување да не ги фати денот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 12 јули 1993 во Скопје пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на УНПРОФОР за Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеби германската капа со боја на избледен песок; од оние што ги носеле Ромеловите војници во Африка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Какво е значењето на тој гејски стил на изговореното?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога еден од американските војници во Ирак кои го уапсија Садам Хусеин се послужи со реплика од Тоска, истоимената јунакинка од операта на Џакомо Пучини, и рече E avanti a lui tremava tutta Baghdad (‘А пред него се тресеше сиот Багдад’), за него се мислеше дека ја прекршил политиката „Не прашувај, не кажувај“, според која на нехетеросексуалците им се забранува отворено да служат во војската на САД.393
Зошто?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Зорле“ служев војник во ЈНА.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ој ти тебе ѕвездо вечернице уште мене јунак не познаваш... (Се пеело.)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1 Заборав, потоа сеќавање ... Крај. Војната, онаа втора и светска, завршила во Кукулино со еден убиен војник во зелено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вечер. По улицата оди шарена толпа, што се состои од напиени носии. Смеа, разговор и играње.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Пред толпата скока мало војниче во старо шинелче и со накривена капа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во 1915-та, во Првото бугарско, заедно со бугарските војници во Потковицата се вратија Ристе Јанчески Газилајна и Тодор Велјаноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа некој рече дека видел фрлени војници во дупка со вар.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се сврти со вештина на стар војник во строј, се стопи црн во ноќта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Беше војник во тајните пречкања помеѓу заибатсу, мултинационалните компании кои контролираат цели економии.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И така јаничарството ја доживеа својата пропаст во Цариград и во големото царство, означувајќи го и падот на Империјата, но и натаму остануваше закоренето во европската свест и како проверен метод за употребата на странските војници во реализацијата на империјалистичко-колонијалистички цели, продолжи Камилски со уверлив глас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Војник во јаничарски полк, стражар, жандарм, везиров придружник, на крајот јаничар под наем!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
73. СЕРДАР.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Режира филмови и за расни проблеми и за сексуални згоди и за грабежи на банки и за црните војници во последната светска војна...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сакаше да прекине со „испитувањето” поземајќи книга од библиотеката, но Мајка продолжи: – Пред да втасаат грчките војници во куќите каде што се вееја италијанските знамиња, тие беа заменети со грчки знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но кожарот Аврам Сујак ги маваше со стап или со клоци и им помагаше на војниците во дерењето за да си ја земе кожата а и за да внимава да не се оштети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како смее никаквецот, да дозволи да му се сопнуваат војниците во марш а?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Бев војник во 225 пешадиски баталјон.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И вчера, кога тие со својата песна ги разбудија сите, нешто ме сечеше тука... и јас сум бил војник во три војни, ама гласот ми беше машки, силен, моќен, а дека ми трепереше, што можев.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Војници не гледам, но гледам бункери, безброј бункери! - Оставете ги бункерите. Тие се празни. Без војници во нив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во неделите војниците во групи одеа дури далеку некаде назад во шумата, кај некое изворче, правеа прошетки и до манастирот горе во долот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
За пцуење војник во мајка можете да одговарате! Имам и сведок...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)