војник (имн.) - кој (зам.)

“ Маргина 37 165 Новата книга е производ на уште две години истражување, и има детаљи за медицинските истражувања што се правени со Е секаде во светот (на пример, се спомнува употребата на Е во воената болница во Никарагва, заради лекување на бивши војници кои страдале од растројства на пост-трауматски стрес).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега, ако нешто е типично, може ќе го искористам - ако не е, тогаш нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во еден перформанс од 1965-та, качен на една платформа Бојс останува 24 часа на неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Манреса перформансот од 1966-та, широко обликувани полу-крстови по својата форма нè потсетуваат на едно село во шпанија каде Игнатиус Лојола беше дојден како војник кој бара ослободување од гревовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Ехееј! - свика војничето кон другите војници кои наеднаш се впуштија кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А и онаа приказна за сонот во прегратката на војникот кој знаел да бакнува најтопло иако тоа го правел преку превезот на ноќта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму, под борот, го намирисаа разјарените волчјаци на непријателските војници кои со бајонети, набиени на пушките, го проверуваа боиштето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Преминувам на другата страна, за поздрав им замавнувам на војниците кои дремат на клупата пред караулата, свртувам десно и го фаќам патот за Ψαραδες – Pcarades.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам колку долго патувавме. Кога излеговме од возот, нѐ пречекаа војници и нѐ внесоа во гратче оградено со бедеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не, ве водиме во парк, за да си поиграме со вас,“ се смееше еден од војниците кои нѐ чуваа во камионот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На железничката станица стоеја војници кои ни ги прегледаа документите, а потоа ни наредија да влеземе во товарниот воз кој чекаше на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој беше само војник кој мораше да го почитува редот во војската.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та нивна чупа побегна за туѓинец, за војник кој, сеедно што беше поприличен од другите, во Потковицата не дојде за да им донесе мир и среќа на нејзините жители.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напротив, милум или силум и тој беше дојден да биде завојувач.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа се насмевна и повторно ја најде раката на стариот градинар Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сопругата Гзиме се смири... Бевме сите заедно, сето семејство во градината опколени од војниците кои нѐ вардеа без да знаеме од кого и зошто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата заборавеност се должеше на желбата да има повеќе војници, оние мали оловни војници кои, иако неподвижни и неми, секогаш и секаде ги победуваа битките и војните мрачни, иако невини и безначајни за времето, проколнати од недолжноста, малите оловни војници беспоштедно го сакаа својот генерал, мојот неповторлив другар.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Влегувавме во воените подморници, го посетивме меморијалниот центар Аризона каде се врежани имињата на илјадници американски војници кои загинале во нападот на Перл Харбор од Јапонците во декемри 1941 година.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овој заклучок ми се наметна откако пред мене се појави нешто како сенка или туѓински војник кој ми го вперува орудието в гради.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа таа ми кажа дека од раце и го зел еден албански војник кој скокнал во реката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Што е станато?” „Отепани се овде неколку наши војници кои залутале во планинава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А борец или војник кој самостојно мисли, тој не е борец и војник.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сеќаваше Мајка и на италијанските војници кои нѐ пресретнале на излегување од ровот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога нивната единица, по шестомесечната обука, од Пеќ ја префрлија во Приштина и кога таму уште утредента ги построија за да издвојат дваесетина војници кои ќе бидат испратени на служба во Исток, на Еда му зачука срцето од вознемира можеби како никогаш другпат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред мене за прв пат се појави убавото лице на војникот кој не посегна по мојата чест!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)