војник (имн.) - оди (гл.)

Ех, кога би бил жив Тато, и онака како што знаеше, по свое, да ги доближи веѓите, да се смршти додека се обидував да испејам некоја песна од типот „Војник одам, оф, леле, песни пеам, оф, аман, аман!“ и слични на неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пекарот Растко од Врпоље кој во Исток беше дојден шест месеци порано, им раскажуваше дека повремено групи од по седум-осум војници одат во потера по балисти по планињето и таму остануваат по цела недела или две.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)