Еве, јас ќе ода кај луѓето и веруам оти ќе кандисаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓутоа, при испраќањето на оваа мисија Британците биле сосема свесни дека четничкото движење во Македонија скоро воопшто немало свои приврзаници бидејќи според нивните информации “Михајловиќевиот комитет во Скопје е провален и безжичната опрема е пренесена од Наумовиќ во Порече и сé уште не е почната со работа“.77 Нивните информации покажувале дека на територијата на Македонија “освен заскитани војници нема партизани“.78 Но и покрај таквите информации СОЕ во Каиро пристапила кон подготвување на втора мисија за територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На Трајка му стана јасно дека сакаат да лапнат петстотини лири и никој да не разбере од поголемите, та оти на мајка му на убиениот војник нема ни една да и дадат, тоа веќе знаеше и однапред.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шишман гледаше во братучедот чекајќи да чуе што ќе решат, а Србин сега повеќе гледаше во куќата за да се доувери дека француски војници нема, дека се оставени сами овде зад фронтот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)