Кога помладиот војник исчезна во шумата, постариот се врати назад, излезе на патот за в град, погледна уште еднаш назад кон шумата и плукна бесно: „Пуф, со кого ќе крепиш фронт - кога и меѓу нас има такви...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или, поминало токму толку колку што било потребно посаденото да се запати, да нарасне и да заплаче!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)