Во врска со прашањето за обединувањето на Македонија, одговорот на САД бил дека за нив "предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција во однос на македонската територија мора да се сметаат како правни граници", а тие би можеле да се променат единствено со согласност на заинтересираните страни и со слободно изразената волја на народите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во 1938 год., вршителот на должноста во Белград, Роберт П. Џојс предупредил дека: „Кралот Борис зборувал со Хитлер за бугарското малцинство во Грција, Југославија и Романија и побарал германска помош во однос на редефинирањето на бугарската граница, посебно во Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште во текот на војната САД зазеле солидарен став со Велика Британија за двете прашања што биле од "витален" интерес за интересите на Велика Британија на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во периодот меѓу двете светски војни САД избегнувале секакво признавање на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во Првата светска војна САД не зедоа активно учество во војната против Бугарија и Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)