На никој друг повеќе одошто на Татко не му беше појасно зошто во тоа дисхармонично време, кога војната им се закануваше на луѓето и ја нарушуваше вековната хармонија, Игор Лозински задлабочено се внесуваше во микроживотот на Езерото, трагајќи по милијарди микроорганизми, кои овде со стотици илјади години пред луѓето живееја во постојана хармонија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)