Не ја спомнав и онаа моја измислица, дека Ѓурчин по војната одбил да го потпише новиот предлог на Ристе, тој лично да биде назначен за директор на задругата Мирен сон откако некој му кажал на Ѓурчина дека нашиот Ристе се пофалил оти има стокмено специјален ковчег не само за другарот Ѓурчина туку дека и за целиот негов Окружен комитет е спремен да подготви!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ова навистина го бев измислил јас и му го реков на Ристета бидејќи немав други аргументи за да му објаснам дека за два-три ковчега во неделата а понекогаш и во месецот не бива да се создава задруга со директор!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)