20. До Руско-турската војна имаше само една теорија за нашата народност. Сега се две.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тамам кога стана девојка, кога се разјари, војната имаше почнато и тука дојдоа Германците пат да им направат на Бугарите.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
— По секоја војна има болести.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Илинденското востание од 1903 г. и Балканските војни имаа слично дејство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Непријателот беше веќе поразен кога еден дел од нашата единица сврати на починка во таа куќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На заминување курирот ни ја донесе и онаа вест, дека долу, во градот во црковниот двор, непријателот погребал дванаестмина од нивните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во текот на војната имавме и полоши денови од тие зад Сина Скала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зрновски изгледа во сонот ми објаснуваше дека во текот на војната има пополнувано со стихови токму такви картички некогаш одамна, по занданите?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И дека специјални курири, благодарејќи на беззначајната големина на картичките, ги изнесаувале од затворот и им ги предавале на одредени личности за да ги печатат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За време на краткиот прeстој во Скопје заради консултации во МНР, на членови на Главниот одбор на Сојузот на борците, кои за време на граѓанската војна имаа високи функции во НОФ и АФЖ, им кажав за средбата со проф. д-р Владислав Барчиковски и за мојот предлог.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А кога војниците ѝ објавиле крај на војната имале и што да видат, убавицата веќе одамна ја имала загубено убавината.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)