- Кога војната заврши - еднолично продолжи старата чавка - и ослободителите вмаршираа во градот, Темелко беше на чело, јавнал на бел коњ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога војната заврши, и оградата беше готова; на неа направи голема двокрилна врата со резе и катинар, издишна олеснето и зафати, по тој голем напор, со денови да лежи под сенките и да се одмора.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И еве, кога војната заврши, место тие за заминат, се врати Тасе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И уште од врата свика: „Каде е? Жив ли е да му ја извадам душата“. „Умре“, му рекоа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сѐ ќе беше добро, ако војната завршеше не така како што заврши...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Војната заврши неколку месеци по неговото раѓање, но детството му беше исполнето со нејзиното неумоливо присуство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога големата војна заврши, тогаш ние имавме по дванаесет и тринаесет години и по цели денови тогаш само за војување се зборуваше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред војната завршив четврто одделение - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)