восхит (имн.) - и (сврз.)

Рада со восхит и со полни очи солзи ја гледаше оваа трогателна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Камилски со восхит и замислено го следеше Татко, во неговата свест се будеше сорбонското време кога пред тогашните големи авторитети ја бранеше среќната иднина на детето преку неговото воспитување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)