восхит (имн.) - ги (зам.)

На Климент Камилски, во тоа источно царство на книгите посебен впечаток му остави големиот француско-старотурски речник на албанскиот полиграф Сами Фрашери, потоа неговата прва преведена книга од шестомната француска енциклопедија, донесени од Цариград, како и многу други големи книги на старотурската османица која Климент Камилски не ја разбираше, но со восхит ги прелистуваше книгите пишувани на рака, на рабовите, но некои и во средината, прошарени со чудесните бои на минијатури, кои како да блескаа на секоја прелистана страница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со восхит ги гледаше книгите на својот пријател и го следеше неговиот жив говор, кој како да им се придружуваше на тие од наредените книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)