восок (имн.) - и (сврз.)

Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го пафна в лице презаситена миризба на восок и чад.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По волната одам каде што се стадата. Си чул, белки, ние тргуваме со восок и со волна. Ја носиме по Виа Игнатиа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)