волја (имн.) - и (сврз.)

Но кога, на негова препорака, стигна во Света Гора, кај вујкото Антим, ја пушти на волја и таа сосема се изврте против бога.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие се преправаа, можеби дури и веруваа, дека дошле на власт без своја волја и за ограничено време и дека тука некаде зад првиот агол, се наоѓа рајот во кој човечките суштества ќе бидат слободни и еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- А ти, Онисифоре со обетка? Да го излапаме сиот добиток до Лесново, тоа ли? - Тоа...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без негова волја и движена со нагонот што се пренесува со човеково семе од колено до колено, неговата десна рака замавнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Париз во 1999 година како врв на добрата волја и разбирање на Франција, под иницијатива на претседателот Жак Ширак во познатите средновековни музеи на Клини, близу до Сорбона, беше организирана Изложба Десет века уметност на почвата на Македонија, на чие отворање се најдоа и претседателите на републиките на двете земји.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Волјата и заканите не се доволни: зарем е можно да се игнорираат прадедовските обичаи, еден модел на живеење којшто Отоманската Империја не успеа да го промени, скалата на вредности која се заснова како на вроденото искуство така и врз неразделно поврзаното суеверие?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)