волја (имн.) - ваш (прид.)

- Господи и Богородице Мајчице, Пресвета Владичице, според волјата Ваша останало жарче - под пепелта запретано... па кога ќе го распреташ да фати искра врз суварки со старечки раце искршени, врз жарчето наредени... од старечки здив искра во пламенче да се разгори - си шепоти баба Петра, наведната над огништето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)