волја (имн.) - ги (зам.)

Не можеше да се рече дека по волја ги здружил животот, очевидно голема борба, големи спомени беа во тоа пријателство на Аритон Јаковлески и песот. (Пес со човек лесно не се врзува).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Конечно волјата ги соедини сите делови, безумникот во дим се претвори.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Бидејќи, во усмената литература не само што авторот е анонимен, туку рапсодите и народните пејачи по своја волја ги организираат и поврзуваат фрагментите во некаква континуирано подвижна целина нефиксирана од запишувањето, почетоците и краевите секогаш се поместуваат, па всушност веќе и не постојат на класичен начин, се извршуваат непрекинати вметнувања и промени: целината е флуидна, недетерминирана, плурална, токму како и хипертекстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вака, ние сме праведници. Човековата волја ги поткопа Алпите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прикрпувајќи се на ѕидот оди и седнува на столот спроти оџакот; загледан во огнот, скоро на ништо не мисли, само некако оддалеку и против волја ги слушна кобењата на утките под стреите и на бувот од Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)