Тој беше подучуван дека ќе се вивне во самите врвови на духовниот живот на заедницата, можеби и пошироко, неговата младешка волја беше насочена на животот во јешивата11, во поуките и верскиот живот и во амбициите, најнапред нивни, на татко му, на семејството, на вероучителите, потем и негови, да се совлада што повеќе и што подобро. Подобро од другите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа волја беше исто толку јасна колку и сите Негови наредби дотогаш и сеедно беше дали ја слуша како глуво ехо во пустината или како јасни зборови што во ушите му доаѓаат одвнатре, од самото негово срце.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На почетокот од школската 50/51 ме имаше зафатено и една друга страст: покрај учењето и покрај исполнувањето на домашните обрврски поради болеста на сестра ми Лена, со сето срце и волја бев вовлечен во политиката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)