Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таман провлече мракот, ене ти ги четворица луѓе одоздола по Бонечкиот дол; се влечкаат на десетина метра еден од друг, како волци во магла.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Исто така, до нив допирале и информациите за неискреноста на соработката меѓу ЕАМ и СНОФ бидејќи “словенските жители“ сметале дека тоа е „само стар волк во јагнешка облека- грчки добитен национализам толку добро познат и застрашувачки, лажлив и преправен во ликот на ослободувањето“.338
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Некои грубо се наговараат, некои веќе лежат под смреките како што лежат волци и волчици во планинава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако им се доближат и одеднаш да им проговорат ќе биде како волк во булук овци да влегол.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Обичај беше да го затвораат добитокот в трло, иако опасноста од волци во летниот период, речиси, не постоеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А тоа ќе беше поголемо зло од сите волци во планината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кој друг може да ти биде публика, кога корката леб можеш да ја најдеш само во корупката од лубеницата, со која се насладува сезонското магаре пред да го отпуштат од самарот на глутницата волци во планината?“
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Или си завивање на волк во дивина па ноќта бледнее до задната ѕвезда.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Таа беше Мексиканка на дваесет и седум години, згодна, сериозна, а нејзиното актерско име пред неколку години се прочу низ поголемите театри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сакам да го знам тоа, да го предупредам, зашто и ние имаме свои искуства, и нашата работа има свои правила што би можел да му ги кажам нему, на мојот наследник кој засега сè уште е непознат и кој си игра со другите како волк во јагнешка кожа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)