Знаеш дека волците се секогаш гладни и ненаситни.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Неговите заби, тоа можат само неговите заби, волче се белеат во темнината.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Веруваше дека волците се повлекле, ја напуштиле опсадата на колибата, а сепак се плашеше сам да излезе пред колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа се извиваше онака како што ноќеска и ранетиот волк се меткаше низ снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Волците се плашат од огин. Морам да подготвам нешто за палење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мечки постоеја уште само во приказните, а за волци се раскажуваа многу живи сеќавања.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога волкот се скри меѓу стеблата надолу, тоа го натера дури и да вресне од некаква топла, раздразнета ситост, што го исполни сиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот се исплаши од него. Викаше од тоа, исправен во снегот и топол.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)