Луѓето веруваа дека водата лекува од ветроштини, и тоа само дечоани, чупиња од таа возраст и невести, навеани во првите шест месеци по заневестувањето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лица од многу возрасти и по облеката, капите и фризурите – од разни времиња и земји.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Да бидат дел од нудистичките плажи на Грција, запалени тинејџери во диската со два пати помладите од себе. Едноставно, да бидат откачени за својата возраст и ум.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
До промени дојде и кај основата преку која најчесто се стекнува право на старосна пензија, имено, преку навршување одредена возраст и исполнување одреден стаж.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)