вознемиреност (имн.) - на (предл.)

Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како бременост на жена како вознемиреност на стадо како истурање на сонцето по оградите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Волчешкото завивање повремено доаѓаше од северната страна, од долот меѓу Грамадна и Чукарот, и се чинеше засилено и доближено, од што во кошарата веќе се чувствуваше вознемиреност на добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш се случи уште нешто што ја зголеми вознемиреноста на калуѓерот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)