Додека низ воздухот треперел сè уште од возбуда топлите зборови што занесениот витез му ги даруваше на својот драг пријател, меѓу нозете им се плеткаа две црнооки gemulsi, машкото од пет, женското од три години, родени во бракот на Антонио со византијката Марија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Воздухот трепереше на сонцето, пред нашите очи; сѐ беше сосема нестварно, па и неговата рака што ме галеше изгледаше нетелесно, сосема прозрачно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
– А беше време пред бура. Во воздухот трепереше неизвесноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Застојаниот воздух трепереше полн со честици, а сонцето мораше да го филтрира воздухот низ мрежестата нејасна замагленост.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пребарувам по мрак од зајдисонцето, носена од мелодијата на штурецот... во летната спарнина воздухот трепери како згужвана свилена тканина...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Денес, тргнавме кон паркот. Улиците се покриени со снег, воздухот трепери од бистрина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сонцето силно печеше. Загреаниот воздух трепереше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)