возбуда (имн.) - бев (гл.)

Возбудата беше преголема за да останам предолго на нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во секој случај, неговата возбуда беше толку нарасната што почнуваше да верува дека не ќе издржи речното корито полно со бистра студена вода да го направи блудна постела.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секако дека најголема возбуда беше прашањето дали крстот замрзнал или не.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)