водопад (имн.) - на (предл.)

И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше тоа ниту хипноза, беше некаков вид визија за која не постојат докази, освен чувството кое останува после голема воодушевеност, како на дете кое за прв пат ја здогледува Ајфеловата кула, или водопадите на Нијагара.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рацете предавници се притаени медузи и не се стиснати со грст да се срка од нив водопадот на небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)