водење (имн.) - љубов (имн.)

Нивното прво водење љубов беше обичен чин на волја. Но по вториот пат беше поинаку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа што водењето љубов не му одеше од рака, го припишуваше на апчињата. Реши повеќе да не ги пие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
При виртуалната стварност, при компјутерското водење љубов, со коешто оперираме на денешниов степен, проблемот се појавува токму тука.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Себедокажување, знаци на љубомора. Водење љубов, страст.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Водењето љубов меѓу нив истиснува неверојатен бумеранг од страсти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тешкиот и спор ритам на водењето љубов што му го наметна таа како сосема да му го затвори грлото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И сето тоа се јавува како резултат на кујната која, според Хандке, во исто време е лабораторија, библиотека, соба за филозофски дијалог, за вдишување чист воздух и за водење љубов.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фала му на Еросот, затоа и сепак, за одредените мали задоволства, како што беше лежерното водење љубов порано денес, на крајот од попладнето или на почетокот на вечерта, како годе човек да гледа на тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Зарем некој навистина ќе се трудеше, па нека е тоа и Господ, најнапред да нè измислува и да нè обликува за многу работи но и за водење љубов, а потоа, заборавајќи го својот труд а можеби и намерите, да не осудува поради игрите што ги спомнуваш?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа, се сеќавам, бев во редакцијата и, се разбира, кај Иле Битолчанчето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Марија му се довери без срам дека тоа никогаш не можела да го прави со своите нередовни љубовници, поради онаа празнина што следува по водењето љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Докторот се исправи во една величествена положба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)