Израелскиот водач во една пригода на 2 април 2004-та изјави дека доколку Арафат ги напушти Рамалах и окупираните територии, ќе нема право повеќе никогаш да се врати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше очигледно дека тој не можеше да ги опфати сите, да ги зароби главните водачи во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Реши на крајот да се предаде со заробените заемки во жолтиот нотес и другите дефтери.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Водачот во својот говор од 6 февруари 1967 година, станувајќи жестоко против религијата и назадните обичаи, го означи вистинското Спасение на земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Телефоните и натаму ѕвонеа. Кадуми не одговараше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кадуми продолжи да ми зборува со доверлива искреност, како пред пријател пред кој како да ги проверува своите потиснати мисли: - Историјата сигурно ќе н памети по еден динамичен владетел, водач во нашите егзили кој го има положено животот на одарот на палестинското жртвување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)