вода (имн.) - ќе (чест.)

- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Главни извори на вода ќе бидат вештачките акумулции „Камчија“ на реката Луда Камчија и „Јасна Полјана“ на реките Дудина и Церовска, кои се вливаат во Црно Море кај Приморско.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Баба ќе се врати“ - извикав така што можеше да се сфати повеќе тага одошто радост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе се вратам со битолскиот воз, а вие распрашајте се кога пристигнува во Скопје“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ќе се дружиш од прво одделение, повеќе од четири години ќе споделуваш секакви мачнотии и понекоја радост, залак од уста ќе двоиш, голтка вода ќе делиш, а потоа ќе дојде некој си Џеронимо - напрчен и за глава повисок од нас - и другарството ќе се распукне како меурче од сапуница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Треба да им пронајдам место за шаторите. Мислам добро ќе им биде онаму долу, над стубелот. Вода ќе им треба. - Шатори велиш, а? - Така сакаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам каде ќе запрат јагулите во која вода ќе истече нивното минато Но тие ја знаат патеката на својот сон ја имаат упорноста што ќе им го покаже патот на враќањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И логотетот погледна во прстенот и рече: „Леб ќе јадеме и вода ќе пиеме“. „Сосем верно, логотету“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
"Ама ти, пред да заминеш по вода ќе ми се насмевнеш, нели?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Застани со нив во реката - ни вода ќе те допре, ни може рак да те штипне за прст.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Да не беше ти и ова куќарче твое, кој знае уште колку вода ќе истечеше по Дримон додека ставевме венец. И кога ќе ставевме!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако е веќе за тоа, подобро кисела вода во бифето да се напијам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас велам: - Кисела вода ќе добиете, не цмиздрете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овдека ќе почне, вели, во друго село ќе заврши, во оган ќе влезеш, од вода ќе излезеш. 178
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само што ќе се пресегнам и водата ќе ја снема. Така, трчајќи по водата, се разбудувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога ќе наполниш сѐ, велам, вода ќе носиш со решето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
В уста вода ќе ви носев, си мислам. 170
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој мост што ќе го направеа од греди, водата ќе го однесеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Везирот даде шест големи килими за џамијата и пари колку што треба за да се изгради пред џамијата чешма со три шопури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа вода ќе стигне до сите плодни, неородени полиња. ќе заживее целата флора, како да е пролет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако сонцето умре, нели на земјата ќе се спушти тежок, вечен мрак, - ќе умрат и дрвјата и убавите треви и, сигурно, не ќе се видува кога птиците ќе летаат, кога бистрите води ќе течат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се согласив, но кога се доближив со чашата, таа ми ја зграпчи и почна да пие а потоа да ме преколнува со партиска клетва да не ја кажувам, за малку ќе ми се откачеше чашата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И реков: Елице, ако пиеш вода ќе умреш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Водата ќе се користела за наводнување на Црноечката долина и дека на тој начин ќе се постигнеле поголеми земјоделски приноси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
7.4 А таму Мајка седната со скрстени раце Ја чита молитвата за празникот на Тишината На кој, јас знам, света вода ќе дотече Вода што говори Вода што ќе рече: Би небичас И се роди човек Во самица Сам.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да ме фрлеше тогаш во вода ќе се удавев.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вода ќе дупне за мене, велам, ќе се откаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај ќе се пресегнеш и вода ќе фатиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стегни го малку и вода ќе ти прокапе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пченицата се мие во ладна вода: низ две, низ три раце, што се вели, низ три води ќе ја поминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)