Одново бродиш – а неа нигде ќе ја нема И сѐ што ќе видиш пред да оземјиш, пред да онебееш Ќе биде сликата: Си играат две дечиња заборавени крај водата сина Едното уште кружи – другото се вика Разделина.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)