вода (имн.) - риба (имн.)

Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонуваа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, и робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во бистрата вода рибите се занимаваа со човечки игри: големите кленови ги прогонеа кон вировите неопитните рипчиња и ги лапаа, ѝ робуваа на невидената ненаситност, беа речни киклопи со едно око.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)