А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Пресоздавањето на исушената вода го означува врутокот на песната.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Александар со малку вода го отстрани белиот талог кој што се имаше нафатено на крајот од неговите усни.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Дождот и понатаму паѓаше и река од гнасна вода го влечкаше ѓубрето на ветеранската населба.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Право да ти кажам, ѝ рекол, ни јас не се израдував кога видов како водата го потиснува животот, природниот живот, за да биде заменет со вештачки, на периферијата на Б., ама не реков ништо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но, во Долнец, стрелањето било извршено. Таму сега водата го подјаде тлото и го извади случајот на јаве.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Принцезата која можеше да гледа низ облаците и водите го бараше сиот ден.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И дење и ноќе грмеше морето, а високите водје го биеја, та го биеја и го ронеа брегот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само ја пушташ таа воденицата и таа меле сè, како песок го прави, и водата го тера низ сјуиџот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како: се наведнувам и од лавабото полно со вода го вадам со составени дланки својот одраз, кој набрзо истекува меѓу прстите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во заминувањето на водите го чувствуваше ритамот на минливоста на која тивко се препушташе.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Боже, или е колнат, или премногу железо има во коските што по него оди громот, велеа луѓето и чинеа сè за да го спасат: пак го запретуваа во земја, во песок, во вода го ставаа за да му излезе електрицитетот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)