Сега сите што читаат весници знаат дека некој си полжав од арапско потекло цели четири години бил мртов експонат во еден лондонски музеј, па кога случајно го испрскале со вода почнал да го грицка картончето на кое бил поставен.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)