внук (имн.) - му (зам.)

И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зар слободата за вас да страда, ко што страдаа луѓето од власта, ко што страда Алајко, брат му Иљо, внук му Коце, ко што страдам и јас?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЈОРДАН: Милуваш ли да појдеш за него?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Слушај, ќерко. Ете, стрико ти Кољо те сака, да му бидеш снаа за внук му Јован. Го познаваш?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И самиот Мехмед-паша, внук му, тогаш малечок, сега знаеше како се случи тоа и сигурно страдаше поради татко му.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Опа, опа, опа! - извикуваше дедо Димо, свртувајќи се повремено да види како напредува внук му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Внукот му се одѕва од горниот крај на Заветна, а потоа само за минутка, задишан, палав и весел се најде пред деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И за мене, кога и да налетам случајно, секогаш има.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги чува за Калина, внука му, која ми е втора братучетка, ќерка на Златко, нивниот син.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој никогаш нема да се согласи да му ја даде внука му на син од најголемиот негов непријател.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дедо ми беше партизан, а внук му?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Цели дваесетичетири часа им дозволија да влегуваат непречено.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Внук му Ристо е во ДАГ, а таму, до Ристо Марковски, лежи Јани Нанчевски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој умирал среќен. Му се врати синот, и нема да замине, се задоми и внуци му се родија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)