внимание (имн.) - на (предл.)

Ние не можеме, а да не обрнеме внимание на овие [штетни] појави.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го прашуваа Чанга зошто, но тој не можеше да одговори точно, па продолжуваше да им го свртува вниманието на ангорската коза, позната во Турција, Иран, Пакистан, Русија, Австралија, Америка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Сеирот доаѓа, - ми вели Турчинот, но јас не обраќам внимание на неговите зборови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Малку страв ме полази од овој грдомасник. Но, тој воопшто не обрнуваше внимание на вчудовидените гледачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му дадов знак да молчи за да не му го одземе вниманието на возачот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И тој беше доста редовен посетител на Боцевата берберница, но еден од оние што со ништо посебно не се истакнуваа, не го привлекуваа вниманието на другите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некои униформисани началници, некои цивили, влегуваа и излегуваа одвреме-навреме низ дворишната врата на участокот, без да обратат видно внимание на задржаната група.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По летувалиштата, а особено по бањите, младите шахисти го привлекуваат и вниманието на жените, секогаш готови да ја насрчат талентиранта младост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гронинг: Успеав да постигнам ниво на кое работам релативно добро.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И онака никогаш не му обраќаше внимание на телото, мислеше излишно е.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Црковните великодостојници и не обрнуваа многу внимание на сурушката пропаганда.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Целта на Бригадата била со офанзивни дејства во правец на Кавадарци-Демир Капија да го привлече врз себе вниманието на бугарскиот окупатор со цел да го овозможи пробивањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на 3-та група баталјони низ Источна Македонија. 119 PRO WO 202/406. 120 Апостолски. 121
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓу останатите информации една посебно го привлекла вниманието на Меклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пардон. Пардон, пријатели. Тоа е само Еди Бакс, Брзиот Еди увозник, со неговата професионално неодредена спортска торба и ве молам, не обрнувајте внимание на овој прорез широк колку за да ја пропушти десната рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Уште од самите почетоци јас сум обраќал внимание на говорниот јазик и сум барал за него простор во стихот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, стане­те браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да не им обраќа внимание на малите камени израстоци што потсетуваат на грпки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И тие се последица од некоја непозната, грда болест“, се обиде еднаш дамна да ми појасни мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите овие нешта што растеа, изгледаа како да се натпреваруваа едни со други поради љубовта и вниманието на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во својата опиеност да го привлечам вниманието на Баждара и да ја здобијам неговата доверба, не внимавав кај газам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми беше смешен мојот вчерашен конфликт со Фискултурецот; просто не можев да сфатам колку сум бил глупав што воопшто сум му посветил некакво внимание на тој конфликт.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На пример, постоеше „Чикашка школа“ на литературна критика, која го стекна респектот и вниманието на многу луѓе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Трагајќи, се изгубивме меѓу зградите. Со раце покажуваме де на едната, де на другата страна, со што го привлековме вниманието на минувачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа обрна внимание на многумина...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Српските воспитаници играат важна улога во македонското прашање, без да се обраќа внимание на тоа дали тие работат под бугарска, под српска или под македонска фирма, како и без разлика дали се тие во морален однос луѓе високи или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Човек е принуден да го задржи вниманието на екранот, бидејќи не постои ништо друго.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добро граденото јадро тело, горделиво подисправената глава на којашто косата непокорно и диво се виткаше и спушташе на кусиот јак врат, го привлекуваше вниманието на публиката и на судиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Офицерот ги изговараше зборовите со една намерно барана лирска интонација, запираше наместа да го сврти вниманието на некое име или факт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Раскажувачот брзо го наоѓаше со своите внимателни, скриени в сенка, очи божем не обрнувајќи внимание на задевките, потфрлуваше зајадливо: - Жената, пријателе, го бара тоа што ти го немаш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вниманието на критиката и на пошироката читателска публика го привлекол веќе со својот втор роман И не рече ниту еден збор (1953).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поважни дела на Х. Бел се: Куќа без чувар (1954); Лебот на раните години (1955); Билјард во девет и пол (1959); Мислењата на еден кловн (1963); Пречесто одиш во Хајделберг (1970); Групен портрет со дама (1971); Загубената чест на Катарина Блум (1974); Жените во пејзаж со реката (1985); Завештание (1985).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Симболичката поливалентност на Fontaine ѝ се спротивставува на буквалноста на Pilant... de voyage.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај тоа што вниманието на Американците во последниве неколку години беше преокупирано со други проблеми Соединетите Држави сѐ уште се учесници во еден мошне скап конфликт - војна против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа разновидност, без двоумење, ја препорачува лингвистичката интерпретација, зашто со себе го носи контрастното видување и го свртува вниманието на еден битен аспект - исклучиво пластичен или естетски аспект.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ПРАШАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги вртат ладалата и со ситни чекори оддаваат внимание на некоја чудна миловидна, невина елеганција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си обрнуваш внимание на изгледот, на облеката. Се депилираш, се мачкаш со триста креми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нејзината сопственичка, Марија, беше самотна жена која секој ден, пред да оди на работа, ја оставаше и го замолуваше Богдана, како новодојден, да ѝ обрнува поголемо внимание на пудлицата, зашто имаше впечаток дека другите од персоналот тоа не го чинат доволно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никој не обрнуваше внимание на мене; стоев тажна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога тој ќе почнеше да ѝ раскажува за принципите на Ангсоц, за двомислата, за променливоста на минатото и за одречувањето на објективната стварност, и притоа да употребува уште и зборови од Новоговорот, нејзе ѝ стануваше здодевно, се збунуваше и велеше дека никогаш не обрнувала внимание на такви работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му се задржа вниманието на зборот „поткачија, поткачија, поткачија...“ и сега наместо на Летка да ѝ ја закажува азбуката ѝ ја зарецитира глупавата песничка на којашто неочекувано се сети и што ја паметеше уште од детството: „Тодоре, Тодоре, поткачи се погоре. Ќе видиш три жени со пичките истрижени!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Реши да не застанува и да не обраќа внимание на љубопитната загледаност во него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Всушност, гласовите од зборувањето на селаните им го свртеа вниманието на братучедите кон нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
При минатата посета, кога му реков на Роман Саздов Грофот дека доаѓам врз основа на неговата покана за да дадам некаква изјава, (се разбира, не му го изрецитирав и бројот на канцеларијата во која требаше да се јавам според поканата), Грофот ми објасни дека не треба да им обраќам преголемо внимание на таквите формалности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас не сум бил повикан како сведок, а ваквите состаноци за него не претставувале покани за изјави туку обични визити на кои тој ги претпочитал разговорите и размените на мислења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој е навистина познат и славен, а на славните им требаат убави имиња, но Фигаро беше од оние што не обрнуваа внимание на тоа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Денеска никој не обрнува внимание на црковните празници. Така!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оти при крај ручекот, а после зафатена со раскревање и миење садови, Пелагија не обрна внимание на Персините размислувања и слутења.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во длабочината, најблизу до езерото Мала Преспа - Превалот и малите ридови на селата Медово и со посебно внимание на селото Раби, последното упориште пред влезот во Пероо, преминот меѓу двете преспански езера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камбаната ја донесоа на сања, поставена на веленица и покриена со црвена јамболија, за да не се скрши по патот и за да не го привлекува вниманието на луѓето на кои тоа не им е работа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)