ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вниманието ми го освојува мало просјаче (не повеќе од пет години) кое успешно му бега на еден несмасен полицаец правејќи кругови околу штотуку поставената бронзена скулптура на просјак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја одолжив посетата колку што можев повеќе, а додека водев мошне жив разговор со министерот, на тема која знаев дека секако ќе го заинтересира и возбуди, целото внимание ми беше насочено кон писмото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)