Ние често и не ја разбиравме неговата вмешаност во политиката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Напротив, укажува волја да се видиш себеси во таквите сексистички прикажувања.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај искреното уживање во апсурдните и бизарни сексистички прикажувања, ироничното присвојување на женственоста од страна на машката геј-култура не изразува отсуство на лична вмешаност во тие прикажувања, ниту чувство на неранливост од симболичното насилство на редуктивните стереотипи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не сум баш сигурен дека многумина од нас би го прифатиле тоа како добар опис на кампската иронија, која – барем онака како што ја опишав – не им остава на своите практичари многу простор за самоизземање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А француската култура, во некои од своите генерички облици и одлики, може да им биде заедничка на луѓе што не се Французи, но кои живеат во Франција или ѝ се восхитуваат на француската култура или кои се идентификуваат со француската култура или кои усвоиле некои стандардни практики што ја карактеризираат француската култура.
Впрочем, поимот „култура“ изгледа некако сурово, непрецизно и сосема врзан за културата за да се користи во овој контекст – поим од деветнаесеттиот век, европски и повремено шовинистички поим, извалкан со неговата вмешаност во подемот на национализмот, со појавата на научниот расизам, со развојот на викторијанската општествена наука и со ширењето на западниот империјализам, за кој идејата на културната надмоќност понекогаш овозможувала згодно оправдание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419
Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)