вметне (имн.) - разен (прид.)

Врв на Кејџовото занимавање со електроакустична музика е Кертриџ Мјузик (1960), примерна театарска композиција со користење на електроакустична музика “во живо”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во делата за (непрепариран) клавир Кејџ испитуваше некои аспекти на случајот, неодреденоста и повеќеслојноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова дело е пресек на различните искуства во поранешните композиции ( појачувањето на “малите” звуци со помош на контактни микрофони и со вметнување разни предмети - кибритчиња, жица од клавир и влакненца од четкица за заби - во звучникот на микрофонот, влече корени од Собна музика, додека нус-продуктите на системот за појачување на звукот како брум, шум, микрофонија, се повратна спрега на електронската верзија на случајните звуци и шумови од 4’ 33’’, и како такво, делото најмногу се приближува до Кејџовиот идеал на театарот како уметничка форма на хаосот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)