вложување (имн.) - на (предл.)

Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Причината за ова се ригидните дистинкции што во критиката на ликовните уметности се воведени под закрила на модернизмот: разликувањето на високото и ниското, културниот песимизам и оптимизам, „апокалиптичарите“ и „интегрира­ните“ (како што тоа го нарекува Еко) итн.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странско лице може да стекнува удел или акции на начинот и под условите предвидени за државјаните на РМ и за правните лица запишани во Трговскиот регистар на територијата на РМ, освен ако со закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Содружник, односно акционер може да биде и секое странско лице.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)