влегување (имн.) - на (предл.)

Државата, до ден денес, остана да биде втор најголем акционер – со 46% од акциите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во годините после влегувањето на странскиот инвеститор, условите за работа наместо да се подобруваат полека почнуваат да се влошуваат, а меѓусебно потпишаниот договор меѓу работниците и новите газди, во кој беа регулирани меѓусебните права и обврски, остана само мртво слово на хартија...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се растури со влегувањето на Италија во Првата светска војна (1915) на страната на Антантата (со Англија, Франција и Русија).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Настана силна смеа и непријатноста предизвикана од влегувањето на Винстон како да исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овој дел на Македонија особено силна била српската пропаганда со која раководела владата од Крф, српскиот штаб во Солун и комесарите на владата и полициските службеници на теренот по градовите и селата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Оваа влада, сѐ до влегувањето на Грција во војната на страната на Антантата, формирала и своја војска во која најголемиот дел биле Македонци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Подоцна кршење на портата и влегување на Арнаутите во дворот на чело со Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Едновремено, јавноста на САД била запознаена и со формирањето на „локалните владини комитети во Скопје и во Куманово“, непосредно по навлегувањето на германските војски на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По влегувањето на Британскиот корпус, Атина била окупирана.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 4 декември 1944 година, воените единици на Велика Британија започнале со воената интервенција против силите на движењето на отпорот во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чанга мораше да им го објави на козарите влегувањето на волкот во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Специјална едиција на Life сочинета од документарни фотографии на уличните борби, една Британска публикација со приказ на револуцијата од социјалистичка перспектива, потоа една голема уникатна книга од Хувер Институцијата во која што се реобјавени насловните страни на 13 најголеми светски весници, и која има тенденција да покаже како секоја земја ги обработува двете стории на денот: Повторното влегување на Советските трупи во Унгарија, и британското и француското бомбардирање на Суецкиот канал. okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)