Претседателот Никола Карев пребега во Бугарија. Оттаму, со писмо бараше од турските власти во Македонија, да добие амнестија, но тие иако му ја ветуваа – не му ја даваа па тој мораше пак да замине за Бугарија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чув од домаќинот дека во амстердамскиот градски парламент „хипиците“ добиле на изборите две пратенички места, а од уште пет добиени се откажале, под изговор дека, ако имаат власт во рацете ќе бидат и против свиоте идеали за кои се борат...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, егзактно реконструира д-р Мертен, нашите власти во градот известуваат дека не постојат никакви нивни „различни врски”, дури ни учество во движењето на отпорот, не постои координација со италијанските сојузници по ова прашање, па сугерираа „ова непожелно малцинство” да се остави да биде десеткувано од гладот и студот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Истата вест доаѓаше и од иноверците, но и од колаборационистичките власти во Атина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Слушна, но не сакаше да поверува. Не смееше да поверува, се испирави.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Соколе се покорува како мало дете, сака да биде свој, а не може, има некаква безмилосна власт во оваа мала бела рака, што така меко го допира.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Доведе уште гавази, ја извести и власта во Кавадарци, та оваа испрати цел одред војска да ги брани муштериите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кајмакамот пишуваше: „Од мене, прилепскиот кајмакам, Салиефенди до тебе стари пријателе Арсланбеј поздрав и молитва да ти го чува алах здравјето, главата и власта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Разгорувањето на борбата за власт во Бугарија ја искористил Стрез и се осамостоил во Македонија (околу 1207 год).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но по повлекувањето на Крстоносците, Византија повторно ја воспоставила својата власт во освоените територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Уште пред навлегувањето на Османлиите на Балканот, поточно во Македонија во XII век забележително било слабеењето на византиската власт и тоа довело до појава на феудален сепаратизам и отстранување на византиската власт во некои балкански држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Кавадарци била формирана комисија како месна власт во градот и месна вооружена полиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Западните држави не биле подготвени за војна и настојувале со отстапки на Хитлер и нарушување на договореното во Версај да ја избегнат војната.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Особено до влошување на ситуацијата дошло по доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија и зацврстувањето на националсоцијализмот и неговата агресивна политика.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Востанието завршило во 1041 По загушувањето на востанието, Византија повторно ја воспоставила својата власт во Македонија и го оптоварила населението со нови давачки што било причина во Македонија повторно да се крене востание во 1072 Востанието се кренало во Скопје а било предводено од Ѓорги Војтех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со мирот Византија на Д. Хрс му ја признала власта во градовите Струмица и Просек.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тоа заговорниците биле обезглавени, а нивните акции прекинати.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во пролетта 1881 османлиската власт во Битола успеале да го откријат заговорничкиот кружок во Крушево и Охрид, а потоа и раководителите на прилепскиот кружок.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Бил свесен за британското губење на влијанието доколку на власт во Југославија дојдат претставниците на партизанското движење кои се комунистички ориентирани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој сосема отворено им укажал на присутните за очебијните чекори кои се преземале од Македонија “за разлабавување на централната власт“ и неговата неодмерена констатација дека “секој си ја чува својата прчварница, а не гледа дека ни е неопходна цврста власт во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но орденот си го започнуваше својот пат. Предлогот чукаше пред вратите на власта во Федерацијата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нема дури веќе ни власт во вистинската смисла на зборот: и таа се изопачила, изродила.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа беше провоцирано и со интригите на Софија во врска со преговорите на МНЛД со турската и со австро-унгарската амбасада во Петербург и со патувањата на некои видни членови на МНЛД со дозвола и со поддршка од турските власт во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се уште не сум слушнал таквото цвеќе некој да посакал да го засади пред зградата на извршната власт во државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така, театарот и се инати на власта во државата, на црквата, на науката, на политиката, на киното, на телевизијата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Никој не рече дека ќе павиме поплака кај властите во Прилеп, вели Костадин Дамчески кој е старешина на Потковицата и кој зашто е старешина и тој седи на чело на трпезата, од десната страна Максимова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И еве како десет и повеќе години - напролет, пред да започнат полските работи, и наесен, откако ќе завршат тие - петмина одбрани мажи, заедно со него, со Максима Акиноски, ги абат праговите на властите во Прилеп и Битола и молат да им се издаде одобрение да си соѕидаат црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во пролетта во 1914-та, српските окупациони власти во Македонија сета македонска младеж, од седумнајсетгодишна возраст нагоре, почнаа даја мобилизираат за да се бори на нивна страна против Австроунгарците, а после, во првата Голема војна, и против Бугарите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оти ако се замешаат властите во ова, можат да нѐ обвинат дека сме зеле да се бунтуваме, па ни црква, ни општина, ни училиште не ќе ни дадат да си отвориме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури кога нозете почнаа да го болат отиде и седна на дабов триножец во калуѓерската ќелија, со занес барајќи низ пукнатината на иконата лица и настани: го виде синиот Парамон, фатен во повити на шума со голијатски стебла на чии гранки клечат мешлести човечиња со кучешки муцки, и ја виде внуката со дете на цицка, незрело девојчиште а наскоро по вторпат мајка без маж, и го виде Марко Проказник, некогаш власт во Кукулино, потоа иселеник, и ги виде своите врсници со свеќа над глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Старата власт во лицето на дојденикот се прогласуваше за нова, ќе вреди ли ако се пожали во некој Комитет: и црквата, со иконите и поповите, е дел на едн живот и едно време, никој не може да и биде судија.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Враќањето на израелските лабуристи на власт во 1992 година го олеснува склучувањето на тајно водените преговори првин во Осло, а потоа и потпишани на 13 септември 1993 година во Вашингтон, по меѓусебното признавање на Израел и Палестинската ослободителна организација, како и започнувањето на преговорите за создавање суверена палестинска држава покрај Израел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По војната во Персискиот Залив, САД го поттикнуваат Израел да учествува во мировна конференција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во исто време, свеста дека земјата е во војна, според тоа во опасност, го прави предавањето на власта во рацете на една мала елита природен и неизбежен услов за да се преживее.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Прв дел: ГЕБ ВОВЕД: Музичко-логичка понадица Авторот: Фридрих Велики, крал на Прусија, дошол на власт во 1740.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило" и едно женско учениче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стариот Теки Руси, префект во Прмет, со несигурна власт во Лесковик, тогаш гледал само како да се спаси главата, а не како да се спаси душата на ќерката Ервехе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Па јас ги гледам оние што беа народна власт во селото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Така што причината зошто филмот не успеал не мора да ја бараме во областа што лежи меѓу таа Гринова визија на шпионажата како најчист израз на валканата, осенчена битка за власт што ја негира целата темелна димензија на човечноста, ниту меѓу Хичкоковата визија за непомирливо спротиставениот универзум, уште повеќе што обете визии се христијански или поточно, католички обоени: малку поедноставено би рекле дека Гриновата визија има свои „песимистички” црти (битка за власт во валканиот свет), што за Хичкок е, сепак, премногу оптимистично зашто неа будно ја чува неизвалканиот идеал на чистата Човечност што е расипуван и користен од валканиот свет на власта.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Ајде, признај, сине, дека најмногу се сложувавте со Аксја откако таа се врати од Белград?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нели, веќе знаевме, дека оној, нејзиниот, ѝ се беше придружил на новата власт во Војводина а таа не сакала да ја прифати неговата предавничка постапка и решила да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отиде татко ми во месната канцелаија и им рече: - Има ли власт во селово?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
КИРИЛ: Ќе нѐ предадат на властите во Аргентина.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Тој ден кога Русинот дотрча радосно во бараката кај нас да ни каже дека царот руски паднал, дека има нова власт во Русија и дека ни е отворен патот за назад, Анастас веќе испушташе душа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На површина, неговите текстови се занимаваат со дрога и хомосексуалност, омраза, насилство, убиство, но во суштина тој ги анализира механизмите на власта во постмодерното време.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Жалам само што немам повеќе време и расположение тоа да го правам уште подобро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но јас секако не би сакала ваков изрод да ја преземе власта во Македонија!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со дозвола на турските власти во тој манастир од Божиќ ќе биде воспоставена грчка црковна власт.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Британците се сомневале во "чесните" намери на Советите, имајќи предвид дека во Бугарија борбата против нацизмот била предводена од Бугарската работничка партија и оттаму постоела голема можост тие сили да дојдат на власт во Бугарија по ослободувањето, што од своја страна би ја загрозило Грција бидејќи можеле да постават барања за излез на Егејското Море, а со тоа растела можноста од загрозување на Турција и други барања за отстапки во поглед на Протоците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во своите анализи тие дошле до заклучокот дека "идејата за независна Македонија е застарена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сметале дека може да има отстапување од тоа, но само во случај "ако власта во Србија во иднина помине во рацете на поненационалистички елементи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Неизвесноста се зголемувала и од присуството на Советите во Романија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Такви како Војнета во Ливаѓе и од Брезница тој уште од партизанското време имаше по сите села, а тие си знаеја дека од Сврделот им зависи дали ќе бидат со поголема или со помала власт во своите села, кому ќе му продадат кому не боречка пензија, пасош за во странство и многу други таквите работи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На 12 февруари 1945 година, по договорот во Варкиза со помош на Англија, на власт во Грција доаѓа десницата и земјата ја зафаќа граѓанска војна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нивните подготовки Делчев ги сметал како дел од општите подготовки за уривање на османската власт во Македонија и според тоа очекувал нивните акции да бидат во хармонија со тие на Организација.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
2. Комитетот нема да протежира ниту една народност во Македонија, туку ќе се труди да ги организира во една целина за урнување на турската власт во Македонија;
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И не случајно големите сили што биле заинтересирани за консолидирање на турската власт во Македонија редовно предлагале со реформи да биде опфатена и полицијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Турските власти во критични ситуации обично не правеле разлика - за нив сите христијани, без разлика на националната и црковната припадност, биле еднакво опасни за режимот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се разбира, сите тие немале никаква врска со атентаторите, но во прво време тоа не се знаело, а властите на таков начин особено се труделе да го одржат првобитниот впечаток за постоењето на голем заговор против султанскат власт во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа можеме да го постигнеме само тогаш кога сите тие народности ќе разберат дека слободата не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи власта во неа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Историјата на балканските ослободителни движења учи дека балканските народи (Срби, Грци, Бугари) успеале да се ослободат од османската власт во време на големи политички превирања во Европа во кои учествувала и Турција и со помош на големите сили, особено на Русија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во тоа време на власт во Бугарија била проруски ориентираната влада на д-р Данев, којашто преземала разни мерки за да го спречи префрлувањето на чети и оружје од Бугарија во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)