Илузиите почнуваат кога владетелот ќе се најде на највисоката точка и ќе посака да го успори падот, односно да заврши во небото на илузиите, губејќи чувство за историјата на земјата која ја создавал.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, за речиси сите владетели може да важи метафоричната претстава за извишувањето на кривата на владеењето до кулминативната точка и потем за неприфаќањето на неизбежниот пад!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Владетелот ќе не штити најдобро, ако не остави на мира!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еден од јакобинските владетели ќе истакне дека револуцијата во текот на три века ќе му донесе голема среќа на човечкиот род, но ова ќе се постигне по цена на егзекуцијата и на последниот непријател на Републиката. Последната меѓу безброј жртви.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)