Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
По поминувањето на педесетата година, човекот постепено ја губи виталноста на енергијата и концентрацијата на влага во телото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На пролет, кога има влага во воздухот, сѐ уште можеше да се осети мирисот на коњската урина, бидејќи тој мирис, едноставно, никогаш не избледува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Густо збиената белина на нејзините заби ја покрија долната леко наруменета усна, и таа на некој нов, непознат начин се обиде да ја сокрие влагата во своите очи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мислам дека горе ги беше потерала... влагата во куќните цевки.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Почувствува дека влагата во грлото му се претвора во прав и дека прстите умораат врз потпирот на столот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)