вкус (имн.) - во (предл.)

На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако сте решиле да јадете печена риба, тогаш, таа, во свежа состојба, ви се носи на масата за да си изберете и потоа печена во се сервира со многу вкус во аранжирањето на ручекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Проголта уште еден оброк без секаков вкус во кантината, побрза во Центарот, зеде учество во свеченото глупирање на една „ дебатна група“, изигра две партии пинг-понг, проголта неколку чашки џин и отседе половина час на предавањето насловено „ Ангсоц и односот спрема шахот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сликарството го сметам како средство за изразување, а не како цел. Средство за изразување како било кое друго, а не цел која би исполнила цел еден живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уметноста е прашање на персоналитет. Нема место за вкус во механичкиот цртеж. 122 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Солзите му се мешаа со дождот и им го чувствуваше нивниот солен и горлчлив вкус во устата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имам остар, горчлив вкус во задниот дел од устата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгледаа како неколку секунди. 24.00 Се симнувам по скалите од третиот кат и сега сум на улицата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Уф!“, од самата помисла се стресуваш, еднаш од вкусот во устата, па уште еднаш при помислата на педантниот, кој, седнат спроти тебе, се труди да те „опече“ со поглед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите апчиња во мојот живот Ги паметам малите зрнца од „Б комплекс“ што ги крадев додека мајка ми не беше тука и сè уште го чувствувам тој горчливо-сладок вкус во устата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Знају, знају, вели со некој сладок вкус во устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најдобро беше да се откаже од тој вкус во коренот на гркланот, како што се откажа од крвотокот на лажичето што му го подаваа в црква на причесна, но беше неверник од раѓање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ни остана за навек тој вкус на тестото на сиромаштијата, за да го бараме подоцна во жи­вотот секогаш тоа исто тесто, со надеж дека ќе го најде­ме Мајкиниот вкус во него, тоа тесто кое никогаш не нè за­ситуваше, колку и да го јадевме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)